| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува патувањето на француската книга во Македонија

Во организација на Францускиот институт во Скопје и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од денеска до 11 септември ќе се одржи Книжевниот саем за млади насловен „Патување на француската книга“.

kamion_na_francuska_kniga_1_1

Во рамки на манифестацијата во Македонија ќе гостува францускиот театар „Ларденоа“ со „Камнион со приказни“, кој ќе има повеќе настапи низ земјата како дел од регионалната турнеја. Според агендата, театарот „Ларденоа“ денеска напладне, во ОУ „Димитар Миладинов“ во Скопје ќе ја изведе претставата „Волчо Страшниот“.

Книжевниот саем за млади „Патување на француската книга“ ќе биде отворен утре во просториите на НУБ „Св. Климент Охридски“. Ќе присуствува амбасадорката на Франција во Македонија, а ќе се обратат директорот на библиотеката Иван Заров и Изабел Марки Барбо, директор на Францускиот институт во Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top