Почна снимањето на краткиот игран филм „Секој ден мора да се јаде“ во режија и по сценарио на Марко Ѓоковиќ, соопшти продуцентската куќа „Фрагмент филм“.
Снимањето на филмот ќе се одвива на повеќе локации во Скопје и во Маврово.
„Секој ден мора да се јаде“ е филм за животот на персоналот во Маршаловата вила, каде секојдневно се готви храна со надеж дека Маршалот ќе дојде токму тој ден. Со неговата смрт, малиот Марко, син на куварката, добива шанса да ја проба храната што цел живот гледа како се готви, а не смее да ја допре.
Актерската екипа ја сочинуваат Sвездана Ангеловска, Игор Ангелов, Давид Тодосевски, Дина Јовевска, Горан Трифуновски, Борис Дамовски, Сара Климовска, Емил Костовски, Милка Солева, Јовица Јовановски, Ѓорѓи Мишевски, Андреј Бартлинг и Раша Петровиќ.
Директор на фотографија е Александар Крстевски, сценограф Иван Бартлинг, костимограф Емилија И. Атанасовска, композитор Огнен Атанасовски, а продуцент е Емилија Чочкова.
Копродуценти на филмот се „Круг Филм“ и „Вертиго Висуал“ од Скопје и „Кубе студиос“ од Тирана, Албанија.
Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст