Денеска Пекабеско започна со нова Фејсбук акција насловена „Секој твој лајк помага“. За секој нов лајк на страната на Пекабеско (https://www.facebook.com/Pekabesko) на оваа социјална мрежа, компанијата ќе одвојува по 3 денари наменети за пакети за храна за социјално загрозени семејства. Во моментов, оваа страна брои 41 илјада лајкови, а акцијата ќе се спроведува се до постигнувањето на 100 илјади лајкови на страната на Пекабеско.
Стратегијата на компанијата на социјалните мрежи е водење на уникатен пристап кој се базира на оригинални фото и видео содржини, како и рецепти преку кои се промовираат производите на Пекабеско. Целта на компанијата е постојано да биде отворена и достапна за мислењата на потрошувачите, користејќи ја предноста на социјалните медиуми во делот на интерактивноста и двонасочната комуникација.
Како што информираат од компанијата, набргу во оваа акција ќе бидат вклучени и Twitter (https://twitter.com/PekabeskoAD) и Instagram (https://instagram.com/pekabesko) заедницата, каде Пекабеско има активни профили и страни.
Да помогнеме заедно со лајк на оваа страна: https://www.facebook.com/Pekabesko
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.