| четврток, 6 декември 2018 |

Мртва трка меѓу СИРИЗА и Нова демократија во Грција

Во пресрет на предвремените парламентарни избори во Грција, закажани за 20 септември, Коалицијата на радикланата левица (СИРИЗА) на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас има предност од само 0,5 проценти во однос на конзервативната партија Нова демократија, покажуваат најновите анкети на јавното мислење.

grcija1

Според истражувањето на агенцијата „Пулс“, направено за телевизијата „Акција 24“, СИРИЗА ужива поддршка на 26,5 проценти од грчките избирачи, додека популарноста на Нова демократија изнесува 26 отсто.

Иако, СИРИЗА на почетокот на изборната кампања важеше за фаворит за победа на изборите, анектите на јавното мислење спроведени последнава недела укажуваа дека партијата ќе води „мртва трка“ со Нова демократија на Вангелис Меимаракис.

Ципрас поднесе оставка на премиерската функција кон крајот на август по само седум месеци на власт, како последица на расколот што настана во СИРИЗА околу новата програма за спас на Грција, поради чие усвојување дел од пратениците од левото крило ја напуштија партијата и формираа нова политичка групација.

Според аналитичарите, токму ваквиот раскол во СИРИЗА е причина за неизвесниот резултат на претстојните парламентарни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top