| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот Цветков ќе ја посети „Балкан екофрут“ во Свети Николе

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска во Свети Николе ќе присуствува на промотивното пуштање во работа на комбајнот вреден 170.000 евра што го набави фирмата „Балкан екофрут“.

„Балкан екофрут“ е македонско-арапска инвестиција која функционира од октомври 2014 година откако сопствениците го купиле поранешен „Југотутун“ и почнале со преработка на овошје и зеленчук.

За купување и рестартирање на фабриката се вложени 2,2 милиона евра.

„Балкан екофрут“ размислува и за сопствена продукција поради што на 10 хектари пробна површина се веќе обезбедени репроматеријали и систем за наводнување капка по капка.

Фабриката од Свети Николе на последниот јавен повик за средства од ИПАРД, кој трае до 15 септември годинава, аплицирала со проект вреден 500.000 евра за осовременување на опремата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top