Осомниченото лице е во бегство од затворот во Штип, каде извршувал 15 годишна затворска казна за сторени вакви и слични кривични дела.
Синоќа околу 19,15 часот со употреба на огнено оружје автоматска пушка калибар 7,62 милиметри со маска на лицето осомничениот влегол во менувачницата на улицата „Благој Ѓорев“ б.б. лоцирана во Трговскиот центар во Велес и на вработениот му вперил пушка и му се заканил да му ги даде парите. Вработениот му се спротивставил и почнале да се борат при што сторителот испукал два куршума во ѕидот.Борбата продолжила и надвор од менувачницата при што сторителот испукал уште два куршума кои завршиле во гума на паркиран патнички автомобил од спротивната страна на улицата, додека другиот куршум завршил во ѕид кој се наоѓа пред менувачницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.