Знаењето е константа која носи успех. Како мала земја, без излез на море, без наоѓалишта на нафта и природен гас…, немаме избор освен да одиме напред со знаење, учење, со развој на сопствените мозоци, на креативноста, со иновации, со развој на претприемничкиот дух, со вложување во себе.
Ваква порака упати денеска премиерот Никола Груевски обраќајќи се на Свечената академија по повод Денот на независноста на Република Македонија во МНТ и праша како ќе го направиме тоа ако сакаме оценки без знаење, ако бегаме од основниот двигател на повеќето науки – математиката и ако се плашиме од тестирање на нашето знаење.
– На денот кога е формирана државата, треба да си го поставиме прашањето, каде одиме како народ, нација, граѓани, општество, колектив, индивидуи. Дали некој верува големите индивидуални и колективни успеси ќе доаѓаат по заобиколен пат и без конкурентни со знаење и креативност индивидуалци, истакна премиерот.
– Еве на пример, во февруари годинава стапи на сила новиот закон за администрација, кој за секој еден кој сака да се вработи во администрација, предвидува одредено ниво на познавање англиски јазик кое се докажува со меѓународна диплома која не може да се стекне никако поинаку освен со учење и знаење, и за секој еден кој ќе сака да се вработи во администрацијата ќе се следуваат неколку тестирања на знаењето, на психолошкиот профил и интегритетот и слично. Тестирањето е обмислено на начин што без знаење нема никаква шанса да се избори пласман во врвот на ранг листата. Повеќе нема да биде од помош ни припадноста на етничките заедници, затоа што и кандидатите од различни етнички заедници ќе се тестираат и рангираат на ист начин секој во својата група на етничка заедница. Да, ќе се примаат потребниот број на Македонци, или Албанци, или Турци, Роми, Власи, Бошњаци, ама ќе се вработат оние кои ќе имаат најдобри резултати на тестирањето. А тестирањата во живо ќе се пренесуваат на интернет на веб страната на институцијата, освоените бодови освен на компјутерот истовремено ќе се појават на голем семафор во просторијата од каде се гледаат во живо преку интернет, преку преносот на веб страната, на секој кандидат софтверот ќе му распредели различни прашања, од претходно објавен голем базен на прашања, истакна премиерот.
Како што додаде тој, не постои шанса за успех по заобиколен пат. Знаењето ќе биде единствениот критериум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст