Знам дека екстерното тестирање не е совршено и може да се подобрува, изјави денеска премиерот Никола Груевски, додавајќи дека во изминатите години Владата го подобруваваше, но и сега работи на нови усовршувања.
Но, според Груевски, најмногу разочарува што политичките партии, опозицијата, сакаат и од оваа тешка борба за помош на новите генерации да станат поуспешни и посреќни во животот, со менување на некои наследени лоши навики, со повеќе учење и пред се знаење, сакаат да исполитизираа и сето ова да го користат во политичко партиски цели.
– Многу е опасно кога учениците и родителите неодговорно ги гледаш како бројка на гласачи на кои треба да им се угоди за да гласаат за тебе, дури и кога правиш чекори со кои на долг рок им одмагаш, а тие во моментот не се свесни за тоа. Ако и ние се вклучиме во таа битка, и почнеме да се натпреваруваме која партија ќе овозможи полесно земање диплома без знаење, каде ќе оди државата. За каков напредок ќе зборуваме, и за каков квалитет во образованието? Апелирам, основните вредности да не се предмет на политичко подкусурување и собирање ситни политички поени, рече тој.
За Груевски основните вредности се столбот на општеството и не смееме да ги рушиме. Премиерот додава дека загрижувачки е отпорот на дел од народот кон знаењето и учењето.
– Мошне загрижувачки. Особено оној на дел од родителите. Формирањето на партиски пленуми, охрабрувањето на учениците наместо да учат, да протестираат против проверката на знаењето, ќе бидам отворен е катастрофа за општеството – вели премиерот.
Тој како пример ја зеде математиката.
– Сакавме да биде задолжителна на матурскиот испит, барем кај оние кои се запишале во математичка гимназија. И тоа не напредна матемтика, туку основна математика. Огромен отпор за нешто што е во прв план во сите напредни земји во Европа и во светот, и веднаш подршка од опозицијата преку нивниот пленум. Да го поставиме отворено прашањето? Зошто во безмалку цела Европа математиката е задолжителна на матурскиот испит, а во Макаеоднија не смее да биде? Зошто никаде опозицијата ова не го користи како алатка за политичка битка? Зошто во ниту една друга држава нема протести против математиката на матурски испит. Зошто нешто што е нормално во другите држави кај нас не е нормално? Зошто некој мисли дека владата сака со тоа лошо да им направи на матурантите, и зошто би им правела лошо? Зошто владата би се изложувала на политички ризик, ако не е научно докажано дека математиката ги развива центите за логика и рационално размислување кај секој човек, и е предуслов за успешност во најголемиот број струки кои во иднина може да ги одбере матурантот? Зошто гледаме да поминеме полесно за нешто што подоцна во животот ќе не направи неконкурентни и цел живот ќе минуваме многу потешко? И пак ќе прашам зошто заради дневна политика, некој го подржува тоа? Со иднината на нашите деца правиме дневна политика. Ете им, го одложиве и тоа со математиката, и законот за високо образование за септември 2016та. Ајде да видиме колку заради тоа некој ќе гласа на изборите за опозицијата, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


