Според премиерот Никола Груевски, откако Македонија веќе ја доби својата независност, но денес сме исправени пред друг голем предизвик. Пред нас е членството во ЕУ и НАТО и надминувањето на проблемот кој го постави Грција, а поврзан со нашето име и идентитет. Груевски смета дека е очигледно дека и за ова ни треба долга борба, овој пат политичка, и историски момент.
– Веќе 24 години нашиот сосед не оспорува. Во еден период ни имаше поставено и ембарго со затворање на границата во време кога ООН наложи затворање на северната граница. Издржавме многу предизвици на овој план, вклучувајки ја и успешната битка пред меѓународниот суд на правдата во Хаг пред 4 години. Веќе 7 години е блокиран нашиот влез во НАТО и 6 години се блокирани преговорите за влез во ЕУ. Многу негативни работи ќе беа избегнати, и многу побрзо ќе се движеше развојот и напредокот на државата ако тоа не се случеше, или ако небеше дозволено да се случи од сојузниците во овие организации, изјави премиерот.
Тој потенцираше дека другите членки на НАТО и ЕУ, особно најмоќните треба да стават крај на оваа неправда што ни се случува и на оваа наша голгота.
– Ако не за друго, заради своите принципи за почитување на меѓународното право. Го разбирам и го почитувам принципот на солидарност, но кога земјата на која и се дава солидарноста е во право, и се додека нема одлука на меѓународен суд. Ние бевме и сме подготвени за раговор и компромис по ова прашање, но тој компромис неможе да ги поткопа темелите на кои се создаваше и градеше оваа држава.Се надевам дека нашиот јужен сосед наскоро ќе излезе од внатрешните проблеми кои неколку години го дефокусираа од ова прашање, и ќе отвори одлучен и искрен разговор за конечно негово затворање. Во меѓувреме членството во НАТО и во ЕУ остануваат на врвот на нашите приоритети, и попатно ќе продолжиме со реформите кои се во склад со принципите и вредностите во овие две организации – изјави премиерот во обраќањето до јавноста денеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


