| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Сите теории дека Македонија е привремена држава паднаа во вода

Сите теории дека Македонија е привремена држава паднаа во вода, истакна денеска премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, говорејќи за значајноста на денешниот голем празник.

Оттогаш па наваму главниот предизвик е како подобро да се уреди животот и функционирањето на нашата држава, во рамките на демократските принципи, и како побрзо во секој поглед да ги достигнеме стандардите на заедниците во кои стремиме:ЕУ и НАТО. Поминавме низ многу предизвици и премрежија, но сите теории дека Македонија е привремена држава паднаа во вода. Македнија, со сите проблеми со кој се соочуваше, одеше напред, некогаш побрзо, некогаш побавно, но темелите се зацврстуваа, а куќата се надградуваше, рече тој.

Имавме успони и падови, залети и кризи, успеси и неуспеси, остварени и неостварени соништа, додаде Груевски, но државата се градеше и се движеше напред.Не секогаш исто и со посакуваната динамика, но зад нас се 24 години континуирана надградба на она што се оствари на 8ми Септември 1991 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top