Деветгодишно момче во тешки маки почина во петокот вечер во Ријека, Хрватска, откако родителите го извлекле од болницата, иако му бил дијагностициран тежок вид на рак на лимфните жлезди.
Како што дознава „Јутарњи лист“, соседите на семејството од градчето Кострене повикале полиција и социјални служби, слушајќи ги болните извици на момчето. Лекарите од Брза помош го пронашле во дехидрирана состојба, слаб и со модринки по целото тело.
Според изворите на хрватскиот весник, момчето на почетокот на август било примено во болница со потечен врат, што укажувало дека болеста брзо напредува. Родителите по само еден ден го извлекле од болницата, наводно да го пратат на лечење во Русија и покрај советите на лекарите да го остават.
Склони кон теории на заговор, родителите одбивале хемотерапија, бидејќи според нив, во неа имало воени отрови.
– Одлучија детето да се лечи кај локална култ-лидерка од Ријека, нивниот спиритуален водич, со биоенергија и електра исцелување. Таа арогантно им изјавила дека ќе го излечи за 2-3 часа. Ние соседите и пријатели се обидовме да ги вразумиме родителите, но без успех – раскажала една сосетка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


