Ана Дурловски е добитникот на годинашното највисоко признание во областа на културата, титулата национален уметник.
Како што соопшти Министерството за култура, за титулата пристигнале четири иницијативи, од ЈУ „Младински културен центар“ за Никола Маџиров, од НУ „Македонска опера и балет“ за Ана Дурловски, од НУ „Албански театар“ за Бајруш Мјаку, како и од „Хуманитарно друштво Хендикепирано лице од Скопје“ за Ремзи Бела.
Согласно извештајот доставен од Комисија за утврдување национален уметник во состав: академик Катица Ќулафкова, академик Газанфер Бајрам, проф.м-р. Јана Андреевска, Оливер Белопета и Раде Силјан, Маџиров и Дурловски ги исполнувале општите и поединечните критериуми зацртани во законот.
– Ценејќи го творештвото на двајцата кандидати, Комисијата едногласно донесе одлука Ана Дурловски да го понесе признанието национален уметник, информира Министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст