ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на независноста, 8-ми Септември.
– Датумот 8-ми Септември 1991 година е испишан со најсветли букви во македонската историја, бидејќи беше исполнување на вековниот сон на генерации Македонци за суверена, слободна и независна Македонија. Република Македонија денес го живее аманетот оставен од илјадници нејзини синови кои преку Илинденската епопеја и АСНОМ ги поставија темелите на државноста која денес суверено и самостојно ја градиме, стои во честитката.
Според ВМРО-ДПМНЕ, храбрите одлуки кои беа донесени пред 24 години треба да бидат поттик да се продолжи бескомпромисно да се оди по патот кон напредокот на нашата татковина.
– Нашата и секоја идна генерација треба да ја продолжи визијата и стремежот со кој започнавме да ја градиме нашата независна државност. Токму тој идеал, Македонија да биде засебен и рамноправен член на меѓународната заедница на држави, е водилка во изградбата на модерно, современо и економски стабилно општество, кое ќе гарантира благосостојба и успех за секој наш сограѓанин, наведува партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев со честитки за Курбан Бајрам: Да ја јакнеме заедницата како едно општество за сите
-
Мицкоски го честита Бајрам: Богатството е во различностите на верите, културите и традициите
-
Мицкоски со честитка до припадниците на АРМ: Нашите војници ги исполнуваат највисоките НАТО стандарди!
-
Претседателот Иванов го честита Рамазан-Бајрам: Дозволете ми овој ден да повикам на слога и заедништво