| четврток, 6 декември 2018 |

Празничен хороскоп: На Скопрпијата ѝ фали позитивно расположение, Стрелецот има и повеќе од потребното

Дневен хороскоп за 8 Септември

Овен 21.3. – 20.4.

Јасно ви е дека завршните резултати зависат до способноста правилно да се организирате. Своето внимание првенствено го насочувате на основните цели, но не се откажувате ниту од некои алтернативни идеи. Најдобро се чувствувате кога имате впечаток дека држите под строга контрола некои важни ситуации од приватниот живот, и покрај тоа што партнерот се почесто умее да ве изненади. За среќа нема причина да се грижите.

Сугестија: Поттикнете кај себе подобра концентрација и позитивно расположение.

 

Бик 21.4. – 20.5.

Се можете да постигнете кога се наоѓате во центарот на главните случувања. Успехот ви се наоѓа на дофат на раката, направете се што е потребно да го остварите својот професионален и личен максимум во различни правци. Понекогаш речиси императивно не се откажувате од своите емотивни намери, дури и по цена сите околу вас да мислат различно. Добро размислете, бидејќи се има своја цена која не треба да се занемари.

Сугестија: Важно е правилно да ги усогласите своите мисли и чувства.

 

Близнаци 21.5. – 21.6.

Јасно ви е дека во некои важни ситуации немате дволно влијание на развојот на работните случувања. Побарајте нечија поддршка или добар совет, постојат решенија кои бараат нов компромис. Размената на идеи и тимската работа секогаш потенцијално донесуваат подобри разултати. Се трудите да оставите впечаток како се да функционира на добар начин, но длабоко во себе потиснувате некои емотивни стравови и загриженост.

Сугестија: Посветете внимание на своите соништа, ќе ви одговара повеќе часови на здрав сон.

 

Рак 22.6. – 22.7.

Не сакате некој да ви ја менува вашата работна ориентација или да управува со вашите планови. Потребно е детално да се информирате за своите можности, спој на добра интуиција и аналитички проценки донесуваат нов успех. Умеете да го остварите она што го сакате, без оглед на различните комликации кои ве пратат или на нечие забележително неодобрување.

Сугестија: Важно е да ја подобрите својата психо-физичка кондиција.

 

Лав 23.7. – 22.8.

Важно ви е да бидете забележани на различни страни и во таа смисла ги користите своите најсилни адути со кои располагате. Големите амбиции понекогаш донесуваат низа на нови предности и позитивна доминација во односот со соработниците. На својот партнер не оставајте многу простор за слободен избор, но за среќа делувате многу убедливо и заводливот. Свесно користете го својот шарм во вистинска мерка.

Сугестија: Ќе ви одговараат ведри содржини, како поттик за добро расположение.

 

Девица 23.8. – 23.9

Подготвени сте на професионално докажување под различни услови. Посветете внимание на некои корисни информации кои ќе ви го олеснат патот до успехот. Сметајте на нечија поддршка кога се наоѓате во „критични ситуации“. Задоволството кое го чувствувате во нечија близина може да ве исполни со позитивна енергија и да ги помести вашите субјективни граници. Уживајте во блиско друштво.

Сугеситија: На сите им е потребен позитивен поттик и размена на мисли и чувства.

 

Вага 24.9. – 23.10.

Во желба да остварите исклучителни резултати се согласувате на извесна импровизација. Понекогаш без поголем ризик, нема ниту забележителен успех или поширок одзив помеѓу соработниците. Ќе се покаже дека имате добра работна проценка и решенија. Избегнувајте ги емотивните контрасти во реакциите, го збунувате својот партнер со некои идеи или чести промени во мислењето. Тешко е да се следи вашиот ритам кога се занесувате.

Сугестија: Позитивното опкружување делува многу поттикнувачки на вашето расположение.

 

Скорпија 24.10. – 21.11.

Имате доволно икуство реално да ги согледате сите предности или недостатоци кои произлегуваат од можното работно здружување. Размислете, интелектуалните способности се пресудни во проценката на добрите работни можности кои ви се нудат. Тешко е да ве разуверат од идеите кои ги имате, но ви се чини дека некој нема доволно разбирање за вашите емотивни потреби. Без оглед на се, не паѓајте во меланхолично расположение.

Сугестија: Важно е да се ослободите од непотребните грижи и да акумулирате позитивна енергија.

 

Стрелец 23.11. – 21.12.

Вешто ги користите своите способности во различни ситуации и не се откажувате од своите работни визии. Успехот е на ваша страна, додека имате јасна претстава за тоа што и колку сакате да остварите. Подготвени сте да направите скоро се за својот партнер, но под услов некој да не ја загрузува вашата воспоставена доминација и интегритет. Понекогаш е тешко да претпоставите различни мислења.

Сугестија: Се наоѓате во сјајна психо-физичка форма.

 

Јарец 22.12. – 20.1.

Важно е да имате работна цел, но уште поважно е да одредите вистински начин или средство кое ќе ви овозможи нејзина успешна реализација. Делумните решенија само непотребно ве успоруваат и ја поттикнуваат вашата несигурност. Очекувате повеќе од она што партнерот може или сака да ви пружи. Некој од вас двајцата претерува во своите очекувани барања или користи погрешни изговори.

Сугестија: Нема потреба премногу да се замарате, ќе ви одговара релаксација.

 

Водолија 21.1. – 19.2.

Во согласност со претходното искуство сега го менувате својот стил или работна стратегија во однос на околината. Имате значајна предност во однос на своите соработници и ништо не препуштате на случајот. Важно е да останете доследни во своите цели. Лесно го менувате своето емотивно интересирање во зависност од расположението или личноста со која се сретнувате. Умеете вешто да се прилагодите.

Сугестија: Внесувајте повеќе витамини и течности во својата исхрана.

 

Риби 22.2. – 20.3.

Наклонети  сте кон претерано детализирање, но не е се онака како што претпоставувате во духот на своите теории. Неопходни ви се практични решенија, потрудете се да го забрзате својот работен ритам и да завршете се што имате започнато. Барањата кои ги упатувате на совјот партнер не наидуваат на добар одзив, но вие имате цврсто наумено да го остварите она што го сакате. Делувате упорно.

Сугестија: Слободното време посветете го на психолошка релаксација, ќе ви одговара опуштање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top