| четврток, 6 декември 2018 |

По грешка ја заразиле со ХИВ во солунската болница, оштетата вредна 800.000 евра

Дваесет и петгодишна Гркинка ќе добие оштета од 800 илјади евра поради инфекција со ХИВ вирусот при трансфузија во болница во Солун, јави БТА.

На 1 септември 2005 година жената примила крв од случаен крводарител, кој бил заразен со ХИВ вирус. Тој дарувал крв првпат во животот. Освен девојката од истата крв добил и 76-годишен маж по извршена срцева операција.

Според судот во Солун болничкиот персонал дозволил сериозна грешка, што нанела штета на пациентот и ја прогласи за виновна болницата која сега треба на девојката да и плати оштета од 800.000 евра.

На суд се најде и крводарителот поради загрозување на животот на други луѓе со тоа што не навел при дарувањето на крв дека е ХИВ позитивен. Тој е осуден од кривичен суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top