Претседателот на Македонската алијанса Ѓорѓија Џорџ Атанасовски им го честита Денот на независноста на Република Македонија, 8-ми Септември, на Македонците ширум светот.
– Со посебна гордост го празнувам овој празник, ден кога се исполнија идеалите за кои се бореа многу Македонци во текот на годините, ден кога се исполни аманетот на нашите предци. Овој ден нека биде потсетник, за сите нас, за тешките денови кои ги има поминато Македонскиот народ, како и поттик за сите наредни предизвици. Пред 24 години, Македонците го прифатија предизвикот, уверени во идејата дека Македонија ќе биде независна, демократска и слободна држава, која ќе создаде иднина и просперитет за нивните поколенија, стои во честитката на Атанасовски.
Во минатото и денес се соочуваме со предизвици од кои излеговме и ќе излеземе посилни.
– Денес сме свои на своето. Заветот на нашите предци е да трасираме сигурен пат за нашите потомци, па затоа посакувам идеата за слободна, обединета и силна Македонија секогаш да бидат на ум на сите политички и јавни чинители во државата. Нашето вложување и работа денес нека биде посветено на иднината на нашите деца, за нашите поколенија. Сето тоа можеме да го оствариме само со единство, на кое најгласно не потсетува и денешниот голем ден, наведува претседателот на Македонска алијанса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев со честитки за Курбан Бајрам: Да ја јакнеме заедницата како едно општество за сите
-
Мицкоски го честита Бајрам: Богатството е во различностите на верите, културите и традициите
-
Мицкоски со честитка до припадниците на АРМ: Нашите војници ги исполнуваат највисоките НАТО стандарди!
-
Претседателот Иванов го честита Рамазан-Бајрам: Дозволете ми овој ден да повикам на слога и заедништво