Министерот за одбрана Зоран Јолевски на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на независноста – 8 Септември.
– Пред 24 години граѓаните на Република Македонија рекоа да за суверена и независна Република Македонија. Да за живеењето во мир, демократија, слобода и еднаквост, посочува министерот Јолевски во честитката.
На денешен ден, додава тој, граѓаните одлучија да ја земат судбината во свои раце и по повеќевековниот сон да започнат самостојно да ја градат Македонија во просперитетна и развиена европска држава.
– Овој голем државен празник, е и празник на сите припадници на Армијата на Република Македонија кои секојдневно даваат дел од себе за Македонија да продолжи да живее независна и суверена. Затоа, 8. Септември е и нашиот пиедестал, нашата гордост, се наведува во честитката од министерот за одбрана Јолевски по повод Денот на независноста на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев со честитки за Курбан Бајрам: Да ја јакнеме заедницата како едно општество за сите
-
Мицкоски го честита Бајрам: Богатството е во различностите на верите, културите и традициите
-
Мицкоски со честитка до припадниците на АРМ: Нашите војници ги исполнуваат највисоките НАТО стандарди!
-
Претседателот Иванов го честита Рамазан-Бајрам: Дозволете ми овој ден да повикам на слога и заедништво