| четврток, 6 декември 2018 |

Нови судири меѓу полицијата и мигрантите на Лезбос

Clashes with migrants in Lesvos port

Тензиите меѓу мигрантите и полицијата на грчкиот остров Лезбос повторно синоќа ескалираше, пренесува БТА.

Полицајци со палки се судрија со група од 2.500 мигранти, кои се обидуваа да влезат во фериботот ангажиран од грчките власти за да ги однесе до главниот град Атина. Полицијата тешко успеваше да воведе ред во толпата, која очајно сакаше да се качи што е можно побрзо во ферибот.

Clashes with migrants in Lesvos port

Некои од мигрантите се стационирани на островот девет дена, пред да можат да го продолжат патот. Други се на Лезбос дури и половина месец.

Во моментов на  Лезбос, остров со население од 85.000 луѓе, има меѓу 15.000 и 17.000 бегалци и ситуацијата е на прагот на експлозијата, според грчките власти.

Clashes with migrants in Lesvos port

Локалното население е исто така очајно од ситуацијата. Во неделата двајца локални жители на 17 годишна возраст беа уапсени откако гаѓаа со молотови коктели кон сириските бегалци. Полицијата мораше да интервенира неколку пати за да ги раздели сириските и авганистански бегалци. Тие се степаа откако стана јасно дека Сиријците се третирани со приоритет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top