| четврток, 6 декември 2018 |

Велосипедска тура „Независност Македонија“

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, по четврти пат ќе се вози велосипедска тура „Независност Македонија“ во која ќе учествуваат 73-годишниот Ѓорги Кузмановски и 47-годишниот Дејан Момировски – Денда.

Турата ќе минува низ градовите Скопје-Куманово-Пробиштип-Свети Николе, а е во должина од 120 километри. И двајцата ентузијасти се долгогодишни велосипедисти и тренери кои секоја година го прославуваат празникот на независноста со велосипедска тура во различна дестинација.

Оваа традиција планираат да ја прололжат и во наредните години сакајќи, меѓу другото, да ја подигнат свеста кај повозрасните генерации дека спортувањето и рекреацијата не познава старосни граници.

Претходно се возеа турите:

2012 година  Битола – Скопје – 175 км

2013 Скопје – Гевгелија – 165 км

2014  Крушево – Скопје – 150 км

Сојузот на спортови на Скопје како организатор на оваа активност сака да ја истакне важноста на овој подвиг со цел младите  да ја согледаат тежината и упорноста на овие врвни велосипедисти славејќи го празникот на независноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top