Со претставата „Каинова лузна“ на театарот од Шабац, Србија, вечер во Струмица ќе почне 23-тиот Интернационален фестивал на камерен театар (ИФКТ) „Ристо Шишков“.
Директорот на Фестивалот Ванчо Патриков соопшти дека годинава за Медалјонот со ликот на Ристо Шишков и парична награда од 1.500 евра ќе се натпреваруваат околу педесетина актери во 12 претстави.
– Фестивалот на актерот годинава ќе трае пет дена во кои љубителите на театарската уметност ќе проследат 12 претстави на театри од Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Русија и Ерменија, а во чест на наградениот актер во сабота ќе ја проследиме претставата „Кирил и Методиј-Кој си ти !?“ во изведба на актерите од НТ „Војдан Чернодримски” од Прилеп, рече Патриков.
Годинашното 23-то издание на ИФКТ „Ристо Шишков“ финансиски е поддржано од НЕТА (Нова европска театарска асоцијација), Советот на Европа за култура и Општина Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст