| четврток, 6 декември 2018 |

Ред Бул и Рено пред прекин на соработката

Sebastian Vettel, Daniel Ricciardo
Формула 1 тимот на Ред Бул од Австрија по крајот на сезонава ќе ја заврши соработката со производителот на мотори Рено, а како опции за нов производител на моторот се споменуваат Мерцедес и Ферари.

Ред Бул беа доминантни на патеките од 2010 до 2013 година, но во последните две сезони тие заостануваат, а тоа доведе до големи проблеми во односите меѓу австрискиот тим и францускиот производител на мотори.

Ред Бул има договор со Рено до крајот на сезоната, но медиумите пренесуваат дека управата на австрискиот тим е одлучна во намерата да ја прекине соработката оваа календарска година и веќе побарале раскин на договорот.

По ваквата одлука Ред Бул има само две опции, Мерцедес или Ферари. Меѓутоа, германската компанија засега нема намера да влезе во партнерство, поради можните влијанија врз нивниот фабрички тим. Заради тоа шансите да биде постигнат договор со Ферари се многу поголеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top