
Имамот на џамијата Крал Фахд во Сараево, Незим Халиловиќ Мудерис, неколку пати во своите верски предавања ги повикал терористите во име на Алах да ја нападнат Република Српска.
Тој го повикал Алах да ја урне Српска, односно како што рекол, “ентитетот создаден на злосторство и геноцид”, пишува Glas Srpske, пренесува Kurir.rs.
Халиловиќ ги повикал и “посветените поединци”, водени од раката на Алах, да ги извршуваат неговите желби и наредби.
Тој и пред комеморацијата на 11. јули во Поточари, кога бил нападнат премиерот на Србија, Александар Вучиќ, во едно свое предавање го повикал проклетството на Алах над “злосторниците и нивните помагачи, и на лобистите против резолуцијата за Сребреница”.
Професорот за безбедност на Бањалучкиот колеџ, Предраг Чераниќ, истакнал дека Обвинителството на БиХ и безбедносните институции досега требало да реагираат на заканите кои ги пратил имамот и дека сите показатели велат дека “терористички напад на Република Српска е многу можен во брзо време”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


