| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарскиот министер за одбрана поднесе оставка

hende-749x415Унгарскиот министер за одбрана Чаба Хенде денеска поднесе оставка по состанокот на Советот за национална безбедност, посветен на големиот прилив на бегалци и мигранти кои пристигнуваат во земјата.

Премиерот Виктор Орбан ја прифати оставката на Хенде и на таа функција го предложи Иштван Симичко, исто така член на партијата Фидес.

Во Унгарија досега пристигнале повеќе од 100.000 бегалци, повеќето од Блиски исток.

Официјална Будимпешта минатата недела предложи мерки кои ќе и помогнат да распореди војска на границата, со цел да го спречи бегалскиот бран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top