| четврток, 6 декември 2018 |

Велика Британија ќе прифати 20.000 сириски бегалци

Dejvid-Kameron1Велика Британија во текот на следните пет години ќе прифати 20.000 сириски бегалци од камповите во близина на границата со Сирија, изјави денеска британскиот премиер Дејвид Камерон.

– Предложивме Британија да пресели околу 20.000 бегалци до крајот на мандатот на овој Парламент. Ако успееме во тоа ќе продолжиме да му покажуваме на светот дека оваа земја се одликува со исклучителна солидарност, наведува Камерон.

Бегалците, кои ќе бидат преселени во Велика Британија, ќе дојдат од кампови во соседни држави на Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top