Утрово на бензинската пумпа „Лукоил“, на превојот „Стража“, група засега непознати млади лица, кои патувале со автобус на една тетовска туристичка агенција, го нарушиле јавниот ред и мир. Според пријавата, некои извршиле кражба, а причиниле и извесни оштетувања на објектот, по што продолжиле со патување кон Кичево, информираат од СВР Тетово.
Според првични сознанија, група навивачи која патувала со пет автобуси и оделе кон Албанија на натпревар се симнале на бензиската станица и почнале да отвораат по фрижидерите, а на реакцијата на вработените да платат, дел од нив биле насилни.
Набрзо по пријавувањето, на местото биле испратени полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица Гостивар, кои извршиле комплетен увид. Со случајот е запознат и јавен обвинител.
– Последиците од нарушувањето се фотодокументирани и интензивно се работи на идентификување на инволвираните. По целосното расветлување на сите поединости поврзани со случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст