| четврток, 6 декември 2018 |

Фејсбук негативно влијае на бракот

facebook-causes-depression-and-loneliness-655x325
Ако сакате да го зајакнете вашиот однос со партнерот или партнерката треба итно меѓусебно да се „избришете“ од Фејсбук, порачува њујоршкиот брачен терапевт Иан Кернер.

Кернер неодамна кратко отворил Фејсбук профил и многу брзо заклучи дека активноста на оваа социјална мрежа негативно влијае на неговиот брак.

– Неодамна заклучив дека не сакам сопругата да ми биде пријателка на Фејсбук. Имено, не сакав никакви дополнителни информации за тоа што таа мисли и како моментално се чувствува. Поточно, ги сакав многу помалку, а повеќе тајност и непредвидливост, рече тој.

– Воопшто не ме интересираше нејзиното постирање за тоа дека е многу уморна и дека тој ден испила три филџани кафе. Многу брзо ја избришав од списокот на пријатели, а тоа им го препорачувам на сите двојки, советува Кернер.

Голем дел од околу 1,4 милијарди корисници на Фејсбук се почесто својот живот го водат токму онлајн. Кернер не негира дека многу информации кои нашите партнери или партнерки ги објавуваат на нивните Фејсбук страници можат да ги зближат, но предупредува и дека во бракот или врската е важно да се негува малку таинственост.

Таинственоста и непредвидливоста на секоја врска и дават посебно чувство и димензија, уверува њујоршкиот брачен терапевт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top