Триесет и тригодишна родилка од Тетово починала од нестручно изведено породување во тетовската болница, а бебето се наоѓа во критична состојба, обвинува семејството. За случајот се води истрага, а гинекологот кој ја вршел интервеницијата е суспендиран од работа додека не заврши истрагата.
Породувањето со царски рез на В.К ноќта меѓу 19 и 20 август започнало во 21 часот и траело до полноќ, но поради обилно крваvење и компликации, во три часот изутрината била направена уште една операција.
Поради лошата здравствена состојба родилката била префрлена на скопските клиники на КАРИЛ, каде била повторно оперирана. Починала по неколку дена поминати на апарати за дишење на одделението за интензивна нега.
Бебето по породувањето било префрлено на Клиниката за детски болести и се наоѓа во критична состојба.
Семејството на починатата родилка случајот веднаш го пријавиле во полиција, а обвинителество започнало истрага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



