Самопрогласената Ислмска држава, издаде повеќе ултиматуми за христијаните на својата територија нудејќи им три можности: Да преминат во ислам, да потпишат договор за однесување или да се иселат.
Како што пренесуваат сиријските извори, исламистите им поставиле ултиматуми на христијаните што живеат на територијта што ја контролираат, а еден од нив нив е плаќање данок за немуслимани.
„Договор за безбедност“ што го составл лидерот на ИСИС, Абу Бакар ал-Багдади, содржи заповеди кон кои сите христјани мора да се придржуваат.
Забрането е: Градење цркви, изложување христијански симболи, како и христијански молитви пред муслимани, поткопување на Исламската држава, поседување оружје, трговија со свинско месо и со вино, „криење“ шпиони….
ИСИС објавила и низа фотографии на кои се прикажани десетина христијани што решиле да го потпишат договорот и да платат данок за немуслимани.
Џихадистите ветиле дека ќе го заштитат имотот на христијаните, кои нема да треба да преминат во ислам и ќе останат безбедни, додвајќи дека тие што нема да ги исполнат договорите, ќе бидат третирани како борци.
Наводно, ИД им ги одземала на христијаните личните исправи.
Ал Каријатајин има околу 40.000 жители, вклучувајќи ги сунитските муслимани и христијани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



