Црвениот крст на град Скопје со поддршка на Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) активно е вклучен во поддршката на бегалците кои транзитираат низ Република Македонија.
На терен Црвениот крст е вклучен со седум мобилни тима кои ги обезбедуваат двата гранични премини, во Гевгелија и во Табановце. Тимовите се составени од лекари и членови на Црвениот крст кои одлично ја познаваат Првата помош. Вкупниот број лица во тимовите изнесува 41, а во целата операција се вклучени и 30 вработени од Црвен крст.
Мобилните тимови се на терен 24 часа во три смени.
Во период од 04-06 септември дистрибуирани се 3.160 шишиња вода, 466 пакети храна, 87 хигиенски пакети, 36 бебешки пакети, 279 ќебиња, а извршени се 1.696 медицински интервенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.