| четврток, 6 декември 2018 |

Како да си помогнете кога имате низок притисок и вртоглавици?

Поради честите промени во температурата, високата влажност и спарнина дури и здравите луѓе се жалат на вртоглавици, отоци и низок притисок. Иако негативно делува и на здравите лица, ваквото време е посебно опасно за срцеви болни, иако ни метеопатите не се поштедени.

nizok pritisok

За да се навикне организмот на ваквите промени на температурата, потребен е период на адаптација. Тогаш би требало да обратиме внимание на просторијата во која се наоѓаме, да се чувствуваме пријатно, да не ни биде претопло, ни престудено.

Ако надворешните температури се премногу високи, потребно е да внесуваме доволно течности а исхраната да ја прилагодиме според временските прилики, за да му овозможиме на нашиот организам полесно да се прилагоди.

Слаба циркулација, ПМС, прекумерна тежина, лоша исхрана и бременост се само некои од причините за појава на отечени, тешки и уморни нозе. Ако на сето ова му се додаде и промена на температурата, спарнина и влажност, отекувањето кое е резултат на гравитацијата, односно појава на отечени нозе – е загарантирано.

Основна и најбрза помош е подигање на нозете во лежечка положба, па дури и 30-тина центиметри над висината на срцето.

Летната вртоглавица е минлива и во текот на пролетта и во текот на летото најчесто се јавува како последица на колебањето на атмосферските прилики. На организмот му е потребно време за прилагодување на ваквите нагли промени.

Затоа и кај целосно здравите луѓе можат да се појават краткотрајни проблеми како што се изнемоштеност, вртоглавица и замаглување на очите.

Штом почувствувате било кој од овие симптоми, веднаш седнете и не правете нагли движења. Може да ви помогне сок од домати кој содржи многу калиум, кој одлично го регулира крвниот притисок.

Исто така, одбегнувајте подолг престој во затворени и загушливи простории, бидејќи недостигот на кислород може да доведе до пад на притисокот.

Пијте чај од ѓумбир кој ќе ја ублажи мачнината и ќе ја спречи студената пот. Ставајте ладни облози на челото, и што е најважно, мора веднаш да легнете кога ќе почувствувате вртоглавица. Одбегнувајте кафе, алкохол и цигари, пржена и мрсна храна. Јадете намирници кои се лесно сварливи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top