| четврток, 6 декември 2018 |

Камен-темелник на новиот објект на АДСДП

kamen-temelnik2Камен-темелник за изградба на новата зграда за АД за стопанисување со станбен и со деловен простор беше поставен денес, на кој присуствуваа премиерот Никола Груевски и директорот на акционерското друштво, Цветко Грозданов.

Премиерот истакна дека Владата продолжува со инвестиции во насока на долгорочно сместување на институциите во свои објекти, со што ќе се намалат трошоците за кирии.

-Објектот кој ќе биде изграден ќе значи крај на несоодветните просторни  услови во кои со децении работеа вработените во Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. Со изградбата на овој објект старите бараки полека ќе заминат во историјата и ќе се подобрат условите за работа на 180 вработени. Изградбата ќе трае околу две години и е предвидено зградата да биде готова до крајот на 2017 година – истакна Груевски.

kamen-temelnik1

Тој додаде дека со изградбата на вакви објекти се заштедуваат буџетски средства, бидејќи не се плаќаат кирии, а истите се енергетски ефикасни.

Самата зграда дополнително ќе остварува и приходи, бидејќи дел од просториите ќе бидат дадени под наем.

Директорот Грозданов истакна дека вработените во ова Акционерско друштво денес работат во супстандардни услови во бараки изградени по земјотресот, покриени со салонитни табли без енергетска ефикасност, мал број на санитарни чворови и дотраена дрвена конструкција.

kamen-temelnik

-Новата административна зграда ќе се протега на градежна парцела од 1.547 метри квадратни и ќе биде на шест ката и приземје со вкупен административен простор од 6400 метри квадратни, како и 9 деловни простории – потенцираше Грозданов.

Изградбата на новата зграда, во која  ќе биде сместено Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, а која се наоѓа во близина на Министерството за надворешни работи, ќе чини 519 милиони денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top