| четврток, 6 декември 2018 |

Производи кои го подобруваат имунитетот

храна

Променливото време кое доаѓа со есента носи и вируси и настинки. Најдобар начин да ги избегнете е да го поткренете имунитетот, а тоа може да го направите и со овошје и зеленчук.

Лук

Богат е со антиоксиданси кои помагаат за заштита на имунолошкиот систем особено од штетните делувања на бактериите. Совет за готвење – белиот лук излупете го, исечкајте го и оставете го 15-на минути да отстои пред готвење за да ги активира ензимите кои го зајакнуваат имуно-истемот.

Благ компир

Како и морковот содржи антиоксиданс бета каротин кој ги уништува слободните радикали. Содржи и витамин А кој го забавува процесот на стареењето и го намалува ризикот од некои тумори.

Спанаќ

Многу е хранлив, содржи фолат кој му помага на организмот да создава нови клетки. Содржи и влакна, антиоксиданси и витамин Ц. Ако сакате да добиете максимум од него јадете го сиров или лесно сварен.

Брокула

Богата е со состојки кои го подигнуваат имуниот систем, со витамин А и Ц. Користете ја како додаток во јадењата што посвежа, сварена само минутка до две. Во комбинација со сирење најдобро делува.

Јогурт

Една чаша јогурт дневно ја намалува можноста да фатите грип. Кога купувате јогурт погледнете ја литата на активни култури на етикетата. Проверете и дали содржи витамин Д. Новите истражувања покажуваат дека постои поврзаност меѓу ниското ниво на витамин Д во организмот и зголемениот ризик за настински и грип.

Грејпфрут

Богат е со витамин Ц и го чува имунолошкиот систем. Ако не го сакате, пробајте портокали и мандарини.

Печурки

Одличен извор на антиоксиданси. Содржат и витамин Б кој е многу значаен за имуно-системот. Генерално одлични се во борбата против вируси и тумори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top