| четврток, 6 декември 2018 |

Нови цени на билетите во Театар Комедија

Театарот Комедија има нови цени на билетите – 300 денари редовна цена на билет и 150 денари цена на билет за лица до 29 години и студенти. Првиот и вториот ред од салата, како и седумнаесетиот и осумнаесетиот ред, ќе се продаваат по цена од 150 денари, соопштија од Театар Комедија.

logo teatar komedija

– Со оваа акција Театар Комедија сака да го приближи театарот на сите генерации на граѓани и со ова им дава можност на оние кои не влегуваат во попустите кои ги има самиот театар со мерките на Владата на Република Македонија да го посетуваат театарот по помала цена, како и групирање и селектирање на редови кое што се применува во театрите во Европа – се вели во соопштението на Театар Комедија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top