На секој половина час во САД се раѓа бебе зависно од дрога, бидејќи мајката била зависник, се наведува во последниот извештај објавен во медицинскиот журнал „Њу Ингланд журнал оф медицин“. Бројот на вакви бебиња е зголемен за четирипати во последната деценија во САД.
Овие деца се раѓаат со симптоми на криза, бидејќи станале зависници од хероин или метадон уште додека била во утробата на мајката.
– Плачат многу стресно, пискаво и ниеден начин на тешење не помага. Тоа е трагично, бидејќи во такви ситуации имаме мајки кои се зависнички. Тоа звучи лошо и се бориме против природниот импулс да ја карактеризираме мајката како лоша и бебето како жртва – изјави д-р Пол Винчестер.
Во Индијана мајките доѓаат издрогирани во болница.
– Има ситуации во кои мајките признаваат дека користеле дрога пред породувањето. Овие бебиња во период од 12 до 24 часа покажуваат криза, плачат и повраќаат. Тоа е многу болен и сложен процес за нив и стварноста е таква што мораме да им дадеме дрога за да може да почнеме да ги лекуваме – изјави д-р Вероника Гилфој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



