Малезиските спасувачи пронајдоа 61 тело на Индонезијци кои се удавиле минатата недела откако потона дрвен брод на западот на Малезија, соопштија денеска поморските власти.
Спасувачите во петокот попладне пронајдоа еден преживеан кој минал цел ден во вода и бил во релативно добра здравствена состојба.
Операцијата за потрегата по настраданите ќе продолжи и во следните два дена, по информацијата дека на бродот имало околу 80 лица.
Властите наведоа дека пренатрупаниот дрвен чамец се превртел и потонал во бурното море на околу 16 километри од брегот на централната малезиска држава Селандгор во четвртокот рано изутрина.
Се верува дека бродот ги враќал работниците на индонезискиот остров Суматра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст