Eден од најнаградуваните млади режисери во светот, Португалецот Жоао Салавиза, ќе биде гостин на ИФКК „Браќа Манаки“ во Битола, соопшти организаторот на фестивалот.
За свои два кратки филма тој е добитник на престижните награди „Златна палма“ во Кан за „Арена“ (2009) и „Златна мечка“ во Берлин за „Рафа“ (2012).
Честа е голема што токму „Браќа Манаки“ ќе биде вториот фестивал каде што ќе биде прикажан неговиот прв долгометражен филм „Планина“ ─ веднаш по светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција.
Со филмот „Планина“, на 19 септември ќе биде отворена програмата „Нов европски филм“ што се воведува годинава на фестивалот во Битола. На 20 септември, во 12 часот, ќе има и средба „Разговор со…“ во Малата сала на Центарот за култура.
На филмот „Планина“, 31-годишниот Салавиза соработува со директорот на фотографија Васко Вијана, кој за филмот „Рафа“, во 2012 година, ја доби наградата „Мала златна камера 300“ во Битола.
– Филмовите на Вијана импресионираат со едноставната структура и живата презентација на „малите“ секојдневни проблеми во животот. Во нив Лисабон не е сјајното место што го гледаме на туристичките реклами туку во најголем фокус е предградието на Лисабон. Во сите негови филмови главните актери се тинејџери што имаат проблем со слободата, а Салавиза е филозофот што покажува дека понекогаш луѓето што се на слобода се помалку слободни од тие со ограничена слобода. Во соработката со Вијана, Салавиза создава и повеќе од интелигентен визуелен свет поради што ни е повеќе од чест што гостува во програмата „Нов европски филм“ – вели селекторот на програмата, Дејан Трајкоски.
Веднаш по промоцијата во Битола, филмот на Салавиза ќе биде прикажан на престижниот филмски фестивал во Сан Себастијан.
За одбележување е фактот што Салавиза изрази желба да помине десетина дена пред почетокот на Фестивалот во Македонија, заедно со својата сопруга, која му е асистентка по режија, и дел од нивниот меден месец да го поминат во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст