Модниот блог „Што носеше Али?“, кој е посветен на стилот на дотеран дедо, придобива сè поголем број обожаватели.

Секој ден, точно во 9 часот и 5 минути, старец дотеран од глава до петици поминувал покрај работното место на австралиската фотографката Зое Спотон во Берлин.

Неговото чувство за стил и елегантниот изглед ја шармирале доволно за да почне да го фотографира и да го документира неговиот избор на облека. Така се родил блогот „Што носеше Али?“.

Али е 83-годишен татко на 18 деца по потекло од Турција, кој 44 години живее во Берлин. Тој е пензиониран доктор, но сега работи како кројач, па најголем дел од костумите што ги носи се негови креации.

Поради јазичната бариера, Зое и Али потешко комуницираат, но таа успеала со помош на „Гугл“ да му објасни дека луѓето може да почнат да го препознаваат поради славата стекната на интернет.
Никогаш не е доцна за мода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


