| четврток, 6 декември 2018 |

Како влијае алкохолот на сонот?

Доколку се конзумира алкохол во ноќните часови, тоа во голема мерка може лошо да влијае на сонот.

vino

Научниците утврдиле дека алкохолот го менува нормалниот ритам на сонот, зголемувајќи го времето кое се поминува во длабок сон, но исто така и намалувајќи го времето во РЕМ фзата на сонот, која е важна за меморијата, концентрацијата и моторичките способности.

– Алкохолот, ако се погледне целата слика, воопшто не е корисен во подобрувањето на сонот. Можеби во почетокот сонот ќе биде подлабок, но потоа доаѓа до негово вознемирување. Дополнително, длабокиот сон веројатно ќе доведе до ’рчење и полошо дишење, така што не треба да се очекува ноќ со квалитетн сон благодарејќи на алкохолот, изјави Крис Иџиковски, директор на Центарот за сон во Единбург.

Сонот го сочинуваат две фази кои постојано се менуваат на секои 90 минути: не-РЕМ фаза и РЕМ фаза.

Меѓутоа, алкохолот го продолжува времето поминато во подоцнежните фази на не-РЕМ сонот, наречени „длабок сон“. Иако изгледа добро тоа што алкохолот го зголемува времето поминато во длабок сон, кој е важен за обновување на телото и јакнење на имунолошкиот сиетем, тој може да има негативен ефект кај лицата кои имаат проблеми со сонот или кои „месечарат“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top