Кујнскиот сунѓер за миење садови е убедливо највалканата работа во вашето домаќинство. Сунѓерот за миење садови е повалкан дури и од даската на тоалетната школка или, пак, од корпата за отпадоци…
– Сунѓерот има многу набори и пукнатини, па така, секој пат кога чистите со него, патогените микроорганизми остануваат во тие вдлабнатини. Луѓето ги мијат сунѓерите, мислејќи дека така ќе ги исчистат, но всушност, би требало да се дезинфицираат – појаснува доктор Филип Тиерно, професор по клиничка микробиологија од Њујорк, автор на книгата „Тајниот живот на микробите“.
Секој пат кога сунѓерот го користите за миење на садови, остатоците од храна завршуваат во ситните пукнатини на сунѓерот, каде што можат да останат долго, што овозможува развој на бактерии. Покрај тоа, овој сунѓер речиси секогаш е мокар, што го прави идеално место за развој на опасни бактерии кои се размножуваат на секои 20 минути.
Посебно внимание треба да обрнете на бришење на даската на која сечете месо, како на пример пилешко, бидејќи во овој случај постои поголема шанса за развој на опасната бактерија салмонела, особено во летниот период, советува овој експерт.
Сепак, ниту овошјето и зеленчукот не се безопасни, бидејќи тие често ја содржат бактеријата Ешерихија коли, која може да предизвика различни видови на инфекции.
– Сапунот и водата не ги убиваат бактериите, тие само го одмиваат. Сте се запрашале ли зошто кујнскиот сунѓер има толку непријатен мирис? Тоа се бактериите – вели доктор Тиерно.
Најдобриот начин за да се исчисти и дезинфицира сунѓерот за садови е варикината, и тоа така што ќе ја измешате со вода (во однос 1:9). Потопете го сунѓерот во тој раствор на 10 до 30 секунди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.