Во ГОБ „8 Септември“ денеска официјално беше пуштен во употреба нов современ апарат ангиограф кој ќе извршува многу процедури, вклучувајќи и процедури од областа на интервентната кардиологија.
– Ова практично ќе биде еден нов момент во оваа болница, затоа што болницата немаше досега ваков апарат. Со ова болницата ќе биде втор центар во Скопје во кој ќе се вршат ваков вид интервенции за инфаркти, стентови за инфаркти и други интервентни процедури, рече премиерот Никола Груевски кој во присуство на министерот за здравство Никола Тодоров го пушти во употреба апаратот.
Набавката на апаратот чинела 35 милиони денари. Тој, како што појасни премиерот, е веќе донесен и инсталиран и практично веќе се прават првите процедури.
– Од октомври ќе дојде лекар од Дедиње кој континуирано ќе биде тука, на некој начин со неговото подолго искуство да биде помош на нашите лекари. Извршени се голем број обуки на лекарите од оваа болница. Еден дел од нив беа во Цирих на подолг период на обука за сите овие процедури, други беа во други медицински центри, рече Груевски и додаде дека таквите обуки ќе продолжат и во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница