| четврток, 6 декември 2018 |

Во ЕУ платите не растат само во Хрватска

hrvatskaРеалните плати во Европската унија растат полека. Ова е заклучокот од најновиот Европски извештај за платите на германската фондација „Ханс Боклер“.

Сепак, додека во сите земји на ЕУ реалните плати во тековната година растеле, во Хрватска тие ќе бидат помали за 1,5%, се наведува во извештајот на Институтот за економија и социологија на оваа Фондација.

Во мерењето во предвид се земаат не само нето растот на платата, туку и инфлацискиот раст. Но, според овој извештај и номиналните плати во Хрватска годинава ќе бидат помали од лани за 1,4 проценти.

Во земјата нагласуваат дека во сите членки на ЕУ каде лани е забележан пад на платите- Хрватска, Грција, Португалија, Кипар, Полска и Словенија, годинава е забележан раст освен во Хрватска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top