| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Митровски дел од кошаркарскиот судиски крем на Евробаскетот 2015

Покрај македонската кошаркарска репрезентација која се наоѓа во групата Ц во Загреб на Евробаскетот 2015, Македонија има уште еден преставник и тоа во „групата на смртта“ во Берлин.

igor mitrovski

Европската куќа на кошарката му додели голема почест на македонскиот интернационален судија со ФИБА лиценца, Игор Митрвоски со тоа што го сврсти во кошаркарскииот судиски крем на овој шампионат.
Митровски во првото коло беше активен на теренот во натпреварите Шпанија – Србија и Германија – Исланд како четврти судија кој имаше многу работа и без проблеми ги разреши сите спорни моменти на на овие натпревари бидејќи се наоѓаше на записничката маса.

igor mitrovski

Денеска популарниот „Ики“ ќе биде еден од тројцата арбитри кои ќе ја делат правдата на мечот Италија – Исланд кој започнува во 18 часот.
Честитки за големиот успех, да прикаже фер и коректно судење, и да продолжи до самата завршница на Евробаскетот 2015.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top