| четврток, 6 декември 2018 |

Соботка: Русија може да ја реши мигрантската криза во ЕУ

EU-migrants-Hungary-jpgРусија може да има значителна улога во решавање на мигрантската криза во ЕУ, изјави чешкиот премиер Бохуслав Соботка. Според Соботка, Русија како посредник може да го искористи своето влијание за што побрзо решавање на вооружениот конфликт во Сирија.

– Решавање на конфликтот во Сирија е еден од клучните предуслови за решавање на мигрантската криза. Неопходно е вклучување на Русија во меѓународните напори со цел ставање крај на војната во Сирија, изјави Соботка.

Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговата влада, според Соботка, треба да бидат активни учесници во решавање на сириската криза.

Чешкиот премиер смета дека Русија може да има значително влијание на ставот на официјален Дамаск.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top