| четврток, 6 декември 2018 |

Од вкупно издадени 62.586 потврди, поднесени 49 барања за признавање на право на азил

migranti arm gevgelijaВо последните 24 часа се издадени потврди за право за барање азил на 2.165 странски државјани од кои, 1.309 се мажи, 303 жени и 446 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и 107 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството, најбројни се лицата од Сирија, 1.788, потоа од Иран 116, Ирак 98, Авганистан 66, Палестина 47, Пакистан 12, додека другите се во помал број.

За истиот период, не се поднесени  барања  за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Во периодот од 19 јуни до 6 септември годинава се издадени потврди на вкупно 62.586 странски државјанин, од кои 42.516 мажи, 8.574 жени, 9.994 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште 1.502деца кои патуваат без родител. Најмногу, 50.970, се од Сирија, потоа од Авганистан 3.477, Ирак 2.849, Пакистан 1.741 Палестина 777, Сомалија 571, Бангладеш 428, Конго 323, Нигерија 205, Камерун 160, Еритреја 142 и Етиопија 109, додека останатите се во помал број.

Од почнувањето на издавањето на потврдите до 06.09.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 49 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top