| четврток, 6 декември 2018 |

Лондон размислува за 15.000 сириски бегалци

Tenth-migrant-is-killed-trying-to-sneak-into-Britain-in-just-nine-weeks-594757Британската влада ја разглдува можноста да прими 15.000 сириски бегалци и се надева дека идната недела ќе добие поддршка за воздушни напади против групата „Исламска држава“, пишува „Сандеј тајмс“.

Премиерот Дејвид Камерон е под меѓународен и внатрешен притисок да реагира за бегалската криза.

Камерон сега планира да ја прошири програмата за релокација и да прими околу 15.000 бегалци, како и да започне воена акција против шверцерите, наведува весникот.

Британскиот премиер, исто така, очекува да добие поддршка од пратениците на опозициската Лабуристичка партија за воздушни напади во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top