Ѕвездата петокрака и паролата Смрт на фашизмот, слобода на народот се симболи на годинешната Парада на гордоста шти ги дигна на нозе комунистите во Никшич. Тие пред зградата на локалниот парламент организираа протест на кој ги осудија злоупотребите од ЛГБТ заедницата на антифашистичките симболи.
-Зар на градското корзо да гледаме како се љубат двајца мажи или две жени, а на генерациите да им објаснувам дека на свет ги донеле сродни души, две тетки или двајца чичковци- гласно прашувал Радисав Станишиќ, претседател на никшичките комунисти.
-Се што е кажано е чиста хомофобија. Поентата да беше во симболите тоа лчесно ќе го расчистевме- вели за медиумите Стеван Миливојевиќ директорот на ЛГБТ Форумот Прогрес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.