| четврток, 6 декември 2018 |

Британците би излегле од ЕУ заради мигрантите

London1Повеќето Британци сега би гласале за излез на државата од ЕУ, најмногу од страв од имиграцијата, покажа истражувањето на јавното мислење . Оваа промена на трендот се случува пред референдумот за останување на земјата во Унијата.

Анкетата на весникот Мејл покажа дека 51 процент се за излегување од ЕУ, а 49 Британци се за останување во унијата. Резултатите на претходните истражувања беа дури 54 проценти на страната на останување во ЕУ.

Истражувањето открива и дека постои значаен број на глчасачи кои би го зголемиле процентот на оние кои сега сакаат подалеку од Унијата доколку се интензивира миграциската криза во Европа.

Премиерот Дејвид Камерон најави дека нови преговори меѓу Лондон и Брисел за условите за британското членство во ЕУ би требало да се одржат пред референдумот кој би требало да се одржи во 2017 година, но некои медиуми веќе наведуваат дека референдумот ќе се случи следната година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top