Пред амбасадата на Унгарија во Сараево вечерва се собра група луѓе кои со палење на свеќи и поставување на бодликава жица во близина на зградата го изрази својот протест поради третманот на бегалците во Унгарија.
-Дојдов овде, затоа што упорно се обидуваат да претстават дека се работи за мигранти, овде не станува збор за мигранти, туку станува збор за бегалци. Треба да се потсетиме дека целиот Балкан, не така одамна, беше со бегалци. Да не заборавиме дека пред 20 години беше војна, но многу брзо заборавивме, дека и ние бевме бегалци, рекол Денис еден од демонстрантите за порталот Radiosarajevo.ba.
Демонстрантите симболичno сакале да постават бодликава жица пред Амбасадата, но полицијата им забранила. Граганите не се бунеле, затоашто се работи за мирен протест.
-Станува збор за спонтан собир на граѓаните. Ние се договориме на „Фејсбук“ дека денес овде се собираме. Станува збор за мирен протест пред Унгарската амбасада. Не станува збор само за сириски бегалци. Не ни требаат огради, не ни треба ксенофобија, ниту враќање на фашизмот. Мораме да им помогнеме на луѓето, особено ние од балканските подрачја, кои знаеме што значи да бидеш бегалец. Знаеме од што бегаат, не бега никој од добро, туку од зло и од војни. Луѓето ги спасуваат животите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)