| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец украл „лада нива“ за да пренесе дрва од планина

Скопјанецот А.Т. (21) украл „лада нива“ за да пренесе дрва од планина, соопштија од МВР. Тој се стекнал со  противправна имотна корист од околу 300.000 денари.Од судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од  осум дена.

Lada_Niva_front_20080228

Пријавениот на 24 август околу  00:25 часот на паркингот под Железничката станица во Скопје забележал паркирано патничко моторно возило „Лада Нива“ со велешки регистерски ознаки сопственост на В.М. Со  погоден предмет успеал да ја отвори бравата од возачката врата, влегол, ја украл колата, а потоа возилото го паркирал во гаражата од дворот од неговиот дом, додека регистарските ознаки ги демонтирал и ги уништил.

„Потоа ги заменил предните гуми и бандажи и што ставил стари бандажи и гуми. Извадените бандажи ги оттуѓил, додека гумите ги спремил за продажба. Резервната гума со бандажот како и предните жмигавци ги извадил и демонтирал од предметното возило и истите ги оттуѓил.Така преправеното возило пријавениот го користел за сопствени потреби поточно превоз на дрва од блиската планина до неговиот дом.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top