| четврток, 6 декември 2018 |

„Лалиња“, мелем за раната по поразот од Грција

holandija-znameЛалињата расцветаа по 25 години пауза

Холандија е вториот противник на шампионатот на Македонија, денес од 15 часот. Интересно е што по цели 25 години пауза популарните лалиња се враќаат на големата сцена и пак ќе играат на Евробаскет. Холанѓаните веќе направија огромно чудо во квалификациите со елиминација на фаворизираната селекција на Црна Гора. И тоа го направија со селектор волонтер и со многу откажувања. Тренерот Тун ван Хелфтерен покани дури 42 играчи пред почетокот на квалификациите, но поголемиот дел од нив го откажаа настапот, па Холанѓаните почнаа со само седум кошаркари. Сепак, се случи чудо и Холандија по четврт век повторно се најде на ЕП. Во подготвителниот период одиграа дури 13 пријателски натпревари, на кои имаа биланс од три победи и 10 порази.

 

Norel-holГлавна ѕвезда: Хенк Норел

Крилниот центар на Сарагоса беше голем талент на холандската кошарка, но повредата на коленото во 2013 година не му дозволи да го презентира докрај раскошниот талент. Во 2009 година, на 21-годишна возраст, беше избран од НБА-тимот Минесота тимбервулфс, но не заигра во најсилната лига на светот. Норел има 27 години и долгогодишно искуство со настапи во силната шпанска лига, каде што настапуваше за Хувентуд, Аликанте и за Сарагоса. Висок е 211 сантиметри и тој би требало да биде главниот адут на Холандија во обидот да се направи добар резултат на Евробаскетот 2015 година.

 

Првите петмина: Клоф, Де Јонг, Норел, Шафтенар, Керази.

Селектор: Тун ван Хелфтерен

 

mkd-hol-eurobasket2015

Во првиот меч Холандија ја изненади Грузија победувајќи со 73-72 што тоа нам ни оди во прилог. Натпреварот против Холандија започнува во 15 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top